Телевизијата Ал Алам пренесува дека авион на иранската компанија Махан Ер слетал на меѓународниот аеродром во Кабул, и оти ова е прв комерцијален лет што пристигнал во Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата.
Меѓу 19-те патници кои пристигнаа во Кабул од ирански Машад имаше ирански дипломатски претставници назначени да работат во Авганистан.
Комерцијалните летови меѓу Иран и Авганистан беа прекинати на 16 август, еден ден откако талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.