Иранската револуционерна гарда денес објави дека на бродовите не им е дозволено да минуваат низ Ормускиот теснец, објави агенцијата Тасним.Тасним цитираше извор од Револуционерната гарда, кој рече дека до сите бродови во Персискиот Залив се испратени пораки дека Ормускиот теснец е затворен за пловидба.

Ормускиот теснец е еден од најважните поморски трговски патишта во светот и е клучен за транспорт на нафта, бидејќи околу 20 проценти од светската нафта поминува низ него.

Се наоѓа помеѓу Оман и Иран и го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив. Во најтесниот дел е широк 33 километри, но ширината на водниот пат е само три километри.

Членките на ОПЕК, Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак, го извезуваат поголемиот дел од својата нафта во таа насока, поради што затворањето на Ормутскиот теснец би предизвикало ненадеен скок на цените на нафтата низ целиот свет, вклучително и во САД.