Иранските вооружени сили нападнале американски воени бази и објекти во Јордан како одговор на американските напади врз ирански танкери, соопшти Министерството за надворешни работи на Иран. Од Техеран порачаа дека САД ќе ги сносат последиците од своите непријателски дејствија против земјата.

„Како одговор на агресивните дејствија на САД против иранските танкери, вооружените сили, во согласност со нивното вродено право на легитимна одбрана, нападнаа американски воени бази и објекти лоцирани во Јордан“, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

Јорданската армија соопшти дека од иранска територија биле лансирани вкупно 20 балистички ракети, од кои 18 биле уништени. Преостанатите две ракети паднале во ненаселени подрачја, а во нападот нема жртви.