– Преговорите во Виена се движат во добра насока. Ние веруваме дека ако другите страни ја продолжат рундата преговори со добра волја, можно е постигнување добар договор за сите страни, изјави пред новинарите иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан.
Тој нагласи дека „доколку другите страни покажат сериозност, покрај добрите намери, можно е наскоро да се постигне договор“.
Иран и САД вчера ги продолжија индиректните разговори, а фокусот на Техеран се однесува на укинување на сите американски санкции што ќе му гарантираат слободен извоз на неговата нафта.