Иран има намера да стави крај на војната со Израел и САД, но бара гаранции за спречување на идни напади, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
– Имаме волја да го завршиме конфликтот, кој трае веќе пет недели, под услов да се исполнат основните услови, особено обезбедување гаранции за да се спречи повторување на агресијата, изјави Пезешкијан во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. (МИА)
