Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период.
Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе за 0,84 отсто, на 78,84 долари за барел.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера изјави дека овој стратешки поморски пат нема да биде повторно отворен додека Вашингтон не ги исполни условите – ублажување на санкциите и исплата на воени репарации.
„Ормуската Теснина и понатаму е практично затворена“, соопшти „Вестпак“, додавајќи дека неизвесноста останува висока додека војната меѓу Иран и САД влегува во својот шести месец.
