Силите на Револуционерната гарда на Иран соопштија дека осум странски државјани се приведени во Персискиот Залив по запленувањето на танкер кој наводно превезувал шверцувано гориво.
Според иранската државна телевизија, морнарицата на Револуционерната гарда соопштила дека на северот на Персискиот Залив е запленет танкер под странско знаме и дека се приведени осум лица.
Се наведува дека танкерот превезувал 200 илјади литри шверцувано гориво.
Не е наведено под знамето на која држава пловел танкерот.
Танкерот бил одвлечен до пристаништето Бушехер, град во Иран, седиште на провинцијата Бушер и важно пристаниште н а брегот на Персискиот Залив.