-Запленетиот танкер со нафта „Сотис“ е ослободен по наредба на судот, се наведува на официјалната веб-страница на Револуционерната гарда.

Бродот е ослободен, како што се додава, откако во Бандар Абас, иранското пристаниште во Персискиот Залив, била испразнета „нафтата што и припаѓа на Исламската Република Иран“. Виетнамските власти соопштија дека соработуваат со Иран на расветлување на случајот со запленувањето на танкерот, додавајќи дека 26 членови на екипажот се во добра здравствена состојба.