Република Македонија се движи во погрешна насока сметаат повеќе од половина од граѓаните.

Имено 56 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока покажува најновата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од 8 април до 4 мај годинава.

На прашањето дали Македонија се движи во добра или во погрешна насока, дури 4 пати повеќе односно 56 проценти од испитаниците сметаат дека државата со владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се движи во погрешна насока, додека пак само 14 проценти сметаат дека се движи во добра насока.

Анкетата покажува кој според граѓаните е најважен проблем со кој се соочува Македонија. На прашањето кој според вас е најважниот прв и втор проблем со кои се соочува Република Македонија денеска, дури 15 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека прв најважен проблем со кои се соочува државата е економската ситуација. Веднаш потоа, како втор најважен проблем кој го посочуваат граѓаните во анкетата на ИРИ или дури 13 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е сиромаштијата, нискиот животен стандард како и проблемите на обичните граѓани, додека пак 11 проценти од граѓаните сметаат дека високите цени се вториот најважен проблем.

12 проценти од испитаниците пак сметаат дека прв проблем со кој се соочува државата е невработеноста, додека пак за втор најважен проблем односно 9 проценти со кој се соочува Македонија е токму иселувањето на младите.

Веднаш потоа на прашањето дали според вас владата на Ковачевски е посветена на решавање на првиот најважен проблем со кој се соочува Македонија спомнат претходно, дури 40 проценти одговориле дека воопшто не е посветена на решавање на економската ситуација. Според анкетата само 3 проценти од граѓаните сметаат дека целосно е посветена, додека 17 проценти сметаат дека во принцип е посветена, 37 проценти одговориле дека во принцип не е, додека најголем процент односно 40 процентот од испитаниците сметаат дека владата на СДСМ и Ковачевски воопшто не е посветена на решавање на првиот проблем или подобрување на економската ситуација.

Анкетата е спроведена на 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години со метод на повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.