Според пишаното тој вчера излегол од дома за да оди во трговскиот центар Глобал, но никогаш не се вратил дома.

Од семејството молат доколку некој го забележи некаде, веднаш да пријави!

-Мојот татко Панде Митев исчезна на ден 13.11.2021г. Излезен од домот околу 9 часот утрото, со бел пони велосипед, облечен со црно палто, сиви панталони и црна капа на главата и со намера да оди до ТЦ Глобал Струмица. Доколку некој го водел, ве молам за информација, стои на објавата на Цона Каламерникова.