Семејството и пријателите трагаат по 36-годишниот Владимир од Штип, кој исчезнал вчера рано наутро, околу 4 часот, откако го напуштил својот дом.
Од тој момент, според објавите на блиските на социјалните мрежи, му се губи секоја трага.
Во моментот на исчезнување, Владимир бил облечен во црни тренерки. Опишан е како човек со висок раст.
Блиските истакнуваат дека оттогаш нема никакви информации за неговото движење или за локацијата каде можеби се наоѓа.
Семејството ги повикува сите граѓани кои имаат било каква информација да се јават во најблиската полициска станица или да ги контактираат. Случајот е пријавен во полиција, а потрагата активно трае.