Во Куманово е пронајдено 15-годишното момче, кое беше пријавено за исчезнато. Момчето е од скопската населба Чаир, а неговите родители го бараа од вчера, објави СкопјеИнфо.
„Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар – Потраги го пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот“ соопштија од МВР.
Малолетникот ќе биде предаден на родителите.
Семејството од вчера го бараше момчето и оставија и телефон за контакт за сите оние што имаат информации што се случило со момчето.