Триесет и осумгодишен жител на Скопје, кој претходно бил пријавен за исчезнат, е пронајден починат во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром, информира МВР.

Случајот бил пријавен на 29 март 2026 година во 16:47 часот во СВР Скопје, откако во објектот било пронајдено телото на М.К.(38) од Скопје. Покрај него бил пронајден и пиштол.

Според информациите од полицијата, лицето на 3 март било пријавено дека се оддалечило од домот.

Од МВР соопштија дека е извршен увид на местото на настанот, а по насоки на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.