Педесет и четиригодишен жител на Велес бил лишен од слобода откако, според полицијата, по невнимание предизвикал пожар во близина на Башино Село.

Инцидентот се случил на 1 август околу 13:25 часот, додека мажот сечел метален предмет со алат. Искрите ја запалиле сувата трева во непосредна близина, по што огнот почнал да се шири.

Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил брзо локализиран и изгаснат од велешанецот и од лица кои се нашле во близина.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Велес. По целосното документирање на настанот, против 54-годишниот маж ќе биде поднесена соодветна пријава.