Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор откако не беше достапен за органите на прогонот од денеска доби и меѓународна потерница.

Тој не се наоѓа на адресата на која Гури е пријавен за домашен притвор. Уште од петокот тој е недостапен, па затоа распишана е потреница. Од надлежните институции без детали кога и зошто бил пуштен од притвор.

Се терети за даночно затајување и злосторничко здружување

Пред 3 години, по 3,6 години затвор кривичниот суд во Скопје ги осуди Исмет Гури и Ејуп Алими за влијание врз изборните резултати на локалните избори во 2013 година. Пресудата којашто е неправосилна доаѓа по повеќе од три години од поднесување на обвинителниот акт со кој тогашниот координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, како член на Општинската изборна комисија за општина Чаир, се товареа за уништување на изборен материјал.

Случајот на Алими и на Гури ќе остане запаметен по неколку инсиуации кои се случија изминативе години, а пред се барање на судија да биде изземена од водењето на овој процес, како и по неколкуте дофрлања до застапниците на обвинението.

Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими и ја укина првостепената пресуда за „Титаник 3“.