Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани верува дека овој владин состав ќе има успешни политики и успешно ќе се справи со сите крзи само доколку сериозно пристапи во решавање на проблемите. Вели, староновите кади веќе имаат извлечено поуки во однос на ефикасноста, а новите кадри се проверени лица од областа во која работале. Рамадани смета дека предвремени избори нема да има, евентуално би имало скратување на рокот доколку тие се одржат во истот термин со претседателските избори.
Ваш став за составот на новата Влада предолжен од мандатарот Димитар Ковачевски, каде речиси 40 проценти се “стари“ кадри?
-Вообичаено е кога се составува нова Влада во текот на редовниот мандат на една Влада, обично новите мандатари, во овој случај мандатарот Ковачевски, да се одлучат во некои министерства и да има континуитет и одредени министри да продолжат понатаму. Новите кадри како личности таму каде што работеле, односно имале одредени функции се проверени кадри, кадри кои имале резултати.
Така што се очекува една освежена Влада да постигне резултати што зависи од првиот“ менаџер“ на Владата, во овој случај идниот Премиер.
Веројатно овие членови на Владата имаат извлечени поуки во однос на ефикасноста, во однос на успешноста во владиниот состав и настапуваат со една сериозност и сериозен потфат во сето ова што ни се случува. Живееме во време на кризни состојби, здравствени со пандемијата, економијата, енегретиката, европските интеграции, прблемот со Бугарија. Предизвиците се големи меѓутоа, секогаш кога има вакви предизвици, секогаш е и шансата на членовите на Владата да се покажат и докажуваат во нивните кариери и функции.
Дали во коалиција со ДУИ и Алтернатива, на Владата и препишувате предвремени избори, или пак сметате дека овој состав ќе си го “истурка“ мандатот до крај?
-Јас мислам дека мнозинството што го има во Парламентот им дава добра шанса да продолжат до крајот на мандатот. Евентуално некое кратење во мандатот може да има ако се одлучи истовремно да се организираат парламентарните со претседателските избори. Инаку мислам дека и нема потреба да се оди на предвремени избори затоа што, немаме некоја гаранција или очекување дека може да се создаде такво мнозинство кое како алтернатива може да биде поуспешно или може да има резултати од кои би биле пријатно изненадени.
Мислам дека опозицијата треба да продолжи да се докажува со локалната самоуправа, а во исто време да се врати со конструктивно дејствување и соработка. Веројатно треба да се повлече од омаловажување на новиот Премиер, и да бара простор за соработка за државните интереси и претстојните предизвици кои се многу значајни за државата. Да се најде еден минимум на соработка.
Сметате ли дека оваа Влада има капацитет да се справи со сите кризи кои ги живееме, здравствената, економската, енергетската, спорот со Бугарија…?
-Капацитетот на Владата зависи од пристапот, од серизониот пристап кон предизвиците односно кон ситуацијата и веројатно се свесни што ги очекува. И ако дадат се од себе и ако околу себе имаат тимови за соработка, за консултации од различни области каде треба најмногу да се ангажираат , извесно е дека ќе претстои некаков успех кој ќе биде задоволителен, вели за Лидер Рамадани.