Испитувањето на оштетените од пожарот во Кочани е најавено да започне во почетокот на мај. Од Обвинителството велат дека во зависност од здравствената состојба на повредените, a според однапред утврден распоред, навремено ќе ги известат за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување.
Во моментот се прибавуваат и сите контактни и адреси за оштетените од пожарот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката.
Се вршат сослушувања и координација на вештачењата неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.