Владата на денешната седница ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 1 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година.
Како што соопшти владината прес-служба, готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во четири денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките.
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24 февруари (четврток), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 25 февруари (петок), за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 февруари (понеделник) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 1 март (вторник), се појаснува во соопштението од Владата.