Исплатен е вториот дел од септемвриската плата на машиновозачите, а со тоа е прекинат и штрајкот на железницата. Патничкиот и товарниот сообраќај се нормализирани, но од МЖ Транспорт велат дека до Управата испратиле соопштение како еден вид предупредување – дека доколку до 25 ноември не се исплати во целост октомвриската плата, тие повторно ќе стапат во штрајк.

Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше на почетокот на август поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Веднаш по исполнувањето на барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади доколку не се реализира и обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.