Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека владата успешно ја консолидирала состојбата во земјоделскиот сектор, исплатувајќи над 1,3 милијарди денари субвенции на повеќе од 20.000 земјоделци. Тој нагласи дека оваа исплата е важен чекор кон решавање на долгогодишните проблеми во земјоделието, кои, според него, биле наследени од претходната власт.

Исплатени милијарда и триста милиони денари

Мицкоски објасни дека во периодот од 25 јуни до 18 октомври, владата успеала да исплати субвенции на повеќе од 20.000 земјоделци. Овие средства, кои изнесуваат над 1,3 милијарди денари, се резултат на зголемените приходи во буџетот и ребалансот кој овозможи зголемена поддршка за земјоделците.

  • „Оваа исплата е значаен чекор за земјоделците. Со консолидирање на буџетот и зголемените приходи, успеавме да обезбедиме нешто што до сега беше невозможно – субвенции од над 1,3 милијарди денари за повеќе од 20.000 земјоделци,“ изјави Мицкоски.

Поддршка за производителите на лозје, сливи, јаболка и тутун

Во своето обраќање, премиерот се осврна и на посебните мерки што владата ги презема за различни земјоделски култури. Тој ги истакна мерките за поддршка на лозарите, производителите на сливи, како и вонредните мерки за јачмен и пченица. Според него, откупот на јаболката е во полн замав, а следен фокус на владата ќе бидат тутунарите.

  • „Годината беше успешна за лозарите и производителите на сливи, а презедовме и вонредни мерки за јачмен и пченица. Откупот на јаболка оди според планот, а следниот наш приоритет ќе бидат тутунарите,“ додаде Мицкоск.

Наследени проблеми и план за подобрување

Мицкоски го повтори својот став дека проблемите во земјоделството се резултат на, како што ја нарече, „разбојничката работа на претходната влада“ на СДСМ и ДУИ. Тој нагласи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на решавање на овие наследени состојби и на обезбедување подобри услови за секој земјоделец.

  • „Наследивме катастрофална состојба од претходната влада. Но, ние сме решени да ги поправиме сите проблеми и да се бориме за секоја поддршка за земјоделците. Секој човек е важен,“ изјави премиерот.