61-годишна жена го доби своето прво дете

Редок пример се случи во скопската Клиниката за гинекологија и акушерство 61-годишна жена го доби своето прво дете. Да се биде родилка во седмата деценија од животот е вистинска реткост, а ваков пример денеска за првпат имаше во независна Македонија.

61-годишна жена го роди своето прво дете во Скопје: Историски момент на Гинеколошката клиника

Со напредокот на медицината можни се „чуда“, но според некои ова е среќа и исполнување на сонот на една жена која сакала да се изреализира во улогата на мајка.

Брачната двојка е на возраст од 61 и 65 години

Денеска македонската јавност го коментира овој насатан и упатува честитки за малиот Петар. Брачната двојка од Скопје е на возраст од 61 и 65 години. Преку ин витро оплодување и со сопствена јајце клетка на мајката тие го добија своето прво дете. Родено е живо машко бебе кое ќе го носи името Петар чија родилна тежина е 2.350 грама, а должина од 48 санитиметри должина.

Она што ја израдува македонската јавност, фамилијата и секако директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство е тоа дека мајката и бебето се во одлична општа состојба и веднаш се пуштени дома.

Со своја објава се огласи и популарната Ина Многуфина.

По 37 години брак, 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, жена со неизмерна желба да стане мајка роди здраво детенце и го крсти Петар. И не знам сега од кај да почнам со браво, од нејзината истрајност, од храброста, од поддршката на сопругот, од екипата што ја водела бременоста во Македонија… Све е за браво.
Освен џганот кој е комплетно дегутантен и остава одвратни пораки под веста за среќата на овие луѓе. Ги отварав еден по еден, добар дел од нив не живеат во Македонија, значи не ни се излеале само мозоците од земјава. Да не се радуваш на туѓа среќа, посебно ваква, не знам што човек треба да си, за греота. А Петар да е здрав и жив и да ги радува родителите уште многу години ❤️

Поставување рекорд

Ваквиот пример е за само една година помалку од 62 годишна прворотка во Шпанија која го држи рекордот за највозрасна прворотка во Европа. Светскиот рекорд е во Индија од 76 годишна жена.