Истакнати интелектуалци и универзитетски професори јавно ја изразија својата поддршка за кандидатурата на Бобан Стефковски за втор мандат како градоначалник на општина Гази Баба. Тие ја потенцираат неговата посветеност кон јавниот интерес, стабилноста и конкретните резултати кои ги постигна во првиот мандат.

Следи писмото на јавна поддршка:

„Од истакнати интелектуалци и универзитетски професори за кандидатурата на Бобан Стефковски за втор мандат како градоначалник на општина Гази Баба.

„Во време на големи општествени предизвици и сè подлабока потреба од одговорно и визионерско локално раководење, ја изразуваме нашата недвосмислена поддршка за кандидатурата на Бобан Стефковски за втор мандат како градоначалник на општина Гази Баба.

Нашата поддршка не произлегува од политичка определба, туку од професионална и граѓанска одговорност. Уверени сме дека токму Бобан Стефковски е пример за современ локален лидер кој ја разбира сложеноста на заедницата, а притоа постојано ја издигнува улогата на институцијата како сервис на граѓаните, а не како алатка на лична или партиска промоција.

Оваа наша поддршка е заснована врз јасно видливите резултати што ги остави зад себе во својот прв мандат. Во време на несигурност, тој обезбеди стабилност; во услови на очекувања, тој испорача реални решенија.

Работата на Бобан Стефковски беше препознатлива по својата континуираност, посветеност и ориентација кон јавниот интерес, а тоа се вредности што не се подразбираат, туку се заслужуваат.

Во неговото досегашно раководење, препознавме стабилност, сериозност и работа што не се потпира на голи ветувања, туку на тивка, но постојана изградба на доверба. Ваквиот пристап заслужува не само признание, туку и продолжение.

Веруваме дека вториот мандат на Бобан Стефковски ќе значи продлабочување на вредностите на јавниот интерес, отчетноста, институционалната култура и грижата за општото добро – вредности што ни се неопходни, не само на локално, туку и на национално ниво.

Ги повикуваме граѓаните на општина Гази Баба да го поддржат кандидатот кој го постави јавниот интерес пред сè и кој докажа дека достоинствено и професионално може да се раководи со една од најкомплексните општини во Република Македонија.“

Со почит,

1.Проф. Д-р. Саво Климовски – професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија;

2.Проф. Д-р. Димитар Гелев – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

3.Проф. Д-р. Александар Климовски – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

4.Проф. Д-р. Трпе Ристоски – редовен професор на Ветеринарниот факултет при УКИМ;

5.Проф. Д-р. Љупчо Несторовски – Продекан за настава и редовен професор на Шумарскиот факултет при УКИМ;

6.Проф. Д-р. Виктор Ѓамовски – Директор на Земјоделски Институт при УКИМ;

7.Проф. Д-р. Валентина Славевска Стаменковиќ – Продекан за настава и вонреден професор на Природно Математички Факултет при УКИМ;

8.Проф. Д-р. Миле Маркоски – Декан и редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

9.Проф. Д-р. Влатко Неделковски – Декан и вонреден професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ;

10.Проф. Д-р. Тошо Арсов – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

11.Проф. Д-р. Ѓорѓи Груевски – Декан и редовен професор на Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер при УКИМ;

12.Проф. Д-р. Дејан Методијески – вонреден професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД;

13.Проф. Д-р. Оливер Филипоски – вонреден професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД;

14.Проф. Д-р. Олга Најденовска – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

15.Проф. Д-р. Марина Стојанова – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

16.Проф. Д-р. Драги Димитриевски – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

17.Проф. Д-р Велика Стојкова Серафимовска – редовен професор на Институт за фолклор “Марко Цепенков” – Скопје при УКИМ;

18.Проф. Д-р Христина Рунчева – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

19.Проф. Д-р. Иванка Василевска – редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ;

20.Проф. Д-р. Нада Јурукова – редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ;

21.Проф. Д-р. Виолета Ачкоска – редовен професор на филозофскиот факултет при УКИМ;

22.Професор Благојка Филипчева;