УЈП ги потсетува даночните обврзници за крајниот рок за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година. Рокот истекува утре 31 мај 2025 година.
Редовниот рок за потврдување или корекција на ГДП пријавата е во неработен ден. Ова значи дека краен рок за потврда или корекција на остварените приходи за минатата година ќе се смета 2 јуни.
Фантомски фирми ја оштетиле државата за 4 милијарди денари – УЈП ја заврши истрагата
Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2024 година треба најдоцна до 2 јуни 2025 година – понеделник да извршат увид во своите даночни пријави . Тоа треба да го направат преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат или коригираат доколку има потреба.
По овој рок сите пријави кои се непотврдени ќе се сметаат за конечни. Додека коригираните ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи. Кај даночните обврзници каде постои обврска за доплата на данок, ќе биде издаден налог за доплата. ДДодека оние со повеќе платен данок можат да побараат враќање на средствата.
Управата за јавни приходи во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се вкупно 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе даночни пријави споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02 3253 200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).
Извор: Миа