Љубовната сага на скопјанката во јавност позната како Лиде Лиде нема крај. Иако по селфито со министерот имаше пауза, од денес сите сме свесни дека сето тоа било само затишје пред бура. Денес Лиде призна дека се пријавила за вакцинација и јавно го замолува министерот Филипче, ако може тој лично да ја вакцинира.

-Пред околу една недела се пријавив на сајтот за вакцинација, сакам да се имунизирам, не сакам веќе да живеам во страв од зараза. Јас еднаш прележав, но кога разговарав со тие што прележале по втор пат велат било пострашно и затоа ме фати паника. Ама сакам да се вакцинирам со „Спутник В“, некако тоа „В“ме асоцира на Венко. И сакам тој да ме боцне, вели самоуверено и со надеж Лиде за ММС.

Се обидовме да и објасниме дека тој е министер и стручен хирург, но Лиде е категорична.

-Па, веројатно го бива да вакцинира, не само да оперира. Лекар е зошто да не може. И тој е мулти таксинг како мене. Мене како ме бива за пет работи – водителка, пејачка, па знам да имитирам и плус обезбедување и што не. Дури и маски си смислив со слоганот „Лиде на Венко“. Мултикреативец сум. Така и тој, што е страшно да земе шприц во рака, вели таа со надеж и додава:

Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.