Над 140 милиони евра само оваа година ќе завршат во рацете на тутунарите. Владата и производителите си подадоа рака. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека целата реколта ќе се продава по цена од 400 денари по килограм тутун, a субвенцијата од 80, се зголемува на денари. Сите страни, велат, се задоволни од досегашната соработка.

Тутунарите главно се задоволни од постигнатиот договор.

Што се однесува до странските инвестиции, постојано се разговара за влез на свеж капитал. Како најново, премиерот најави дека се разговара со инвестиција од Франција за доизградбата на штипската, но и кичевската болница.

Сето ова, додава премиерот, ќе помогне кон дополнително зголемување на БДП на македонската економија.

Наспроти ова, премиерот очекува странските директни инвестиции до крајот на годинава да надминат една милијарда евра, со што, како што вели, Македонија ќе стане една од водечките држави во регионот.

Извор: МРТ