Неодамнешно истражување, предводено од проф. Вирен Свами од Универзитетот „Англија Раскин“, открива дека оние кои си го украсуваат телото со цртеж или натпис имаат три одлики што значително ги разликуваат од оние кои не се определиле за таков потег.Тие се:
Екстровертни
Луѓето со тетоважи се поотворени, имаат повеќе енергија, сакаат да се дружат и да разговараат. Околината ги смета за забавни и љубезни.
Единствени
Тие сакаат да се изразат, да го кажат својот став, мислите, чувствата и да си ги покажат особеностите и својот идентитет.
Тие сакаат нови искуства
Се покажа и дека луѓето со тетоважа се повеќе склони кон авантури и нови доживувања. Тие се спонтани и желни за искуства и нови познаници.