Секој што сака мачки знае дека гледањето смешни видеа со мачки на YouTube, Instagram и TicTok навистина може да го подобри нивното расположение за миг.
Мачките кои се борат сами со себе, се обидуваат да влезат во чевел или се прикрадуваат како розов пантер, секогаш ни носат насмевка на лицата.
Меѓутоа, освен тоа што ни го подобруваат расположението, научниците успеаја да докажат дека мачките навистина можат благотворно да влијаат на нашето здравје.
Намален ризик од срцев удар
Студијата која траеше десет години и беше спроведена на 4.000 Американци покажа дека оние кои поседуваат мачки имаат 30% помали шанси да доживеат срцев удар. Д-р Аднан Керши, еден од коавторите на оваа студија, рече:
– Со години знаеме дека психолошкиот стрес и анксиозноста може да доведат до кардиоваскуларни болести и особено срцеви заболувања. Домашните миленици веројатно помагаат да се намали стресот, па се претпоставува дека поседувањето куче би довело до истите резултати.
Сопствениците на мачки нема да страдаат од депресија
Студијата исто така покажа дека сопствениците на мачки речиси сигурно нема да страдаат од депресија, висок крвен притисок, високи триглицериди и нивоа на холестерол во крвта и дека генерално ќе посетуваат помалку лекари годишно од оние кои немаат домашно милениче.
Предењето на мачката може да го промовира заздравувањето и густината на коските
Се вели дека предењето на мачките е дури и терапевтско. Според истражувањето објавено во списанието Scientific American, мачките предат во конзистентна шема помеѓу 25 и 150 херци. Ова помага да се запре, па дури и да се врати густината на коските. Ова значи дека сопствениците на мачки имаат поздрави коски во целина!