Руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев во наредните денови, според анализа на Институтот за проучување на војната (ИСВ).

Американски воен тинк-тенк верува дека „руските сили се концентрираат во источните, северозападните и западните предградија на Киев за напад врз главниот град во наредните 24-96 часа“. Руските сили, зафатени со логистички проблеми, речиси не напредуваа изминатите денови, но ИСВ смета дека тие „добиваат резерви и засилувања, како и изведуваат артилериски, воздушни и ракетни напади за да ја ослабат одбраната и да ги заплашат бранителите пред таков напад“.

Ова може да го навести почетокот на критичниот момент во војната, пишуваат аналитичарите во најновиот дневен преглед.

Прерано е да се процени веројатната ефективност на секој руски обид да го заврши опкружувањето на Киев или да го заземе градот во овој момент. Ако руските трупи успеале да се снабдуваат, реорганизираат и планираат намерни и координирани истовремени операции долж неколкуте оски на напредување околу и во главниот град, тие може да бидат поуспешни во оваа операција отколку во претходните активности.