Италија се согласи да прими повеќе од 500 мигранти од два спасувачки брода во морето во близина на нејзиниот брег.

Властите посочија бродот „Гео Баренц“, со 248 мигранти, да се упати кон пристанишниот град Салерно, соопшти организацијата Лекари без граници, која управува со бродот. Таа ја поздрави одлуката.

Италијанските медиуми објавија дека на бродот „Хуманити 1“, со кој управува организацијата СОС Хуманити, ќе му биде дозволено да се истовари во пристанишниот град Бари. На бродот има 261 лице кои беа спасени во Медитеранот.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани потврди дека најмалку еден брод ќе пристигне во Салерно.

Претходно на островот Лампедуза од брод се симнаа 33 мигранти.