Македонија вечерва игра против Италија, а теренот на Арената „Тодор Проески“ и за овој натпревар е во ужасна состојба.

Италијанците се пожалија и на социјалните мрежи покажаа на каков терен ќе играат вечерва.

Инаку, стадионот повеќе од еден месец беше затворен од УЕФА и се реновираше за овој натпревар, но очигледно тоа не бил доволен период за фудбалерите да имаат услови на највисоко ниво.