На 30.07.2022 во 11.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје од полициски службеници бил приведен M.Д.(36) од Р.Италија, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и физички го нападнал З.Ј.(46) од Скопје, вработен како обезбедување.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка, а за случајот е известен судија по претходна постапка.