Експертите за Да Винчи, Алесандро Вецоси и Агнезе Сабато изјавиле дека документирале 21 генерација на семејството на уметникот.
За нивната студија тие разговарале со потомците на тој италијански сликар, архитект и инженер, пишува агенцијата DPA. Научниците идентификувале неколку семејства на различни гранки од неговото семејно стебло.
Комплетната историја на семејството сега е долга 690 години. Научниците трагале по машкиот дел од лозата, од предокот на Леонардо, Микеле, роден во 13 век, а потоа и неговите роднини, од неговиот татко Пјеро Фросин до раѓањето на самиот уметник во 1452 година.
Тие исто така користеле документи за да најдат четири семејства поврзани со братот на Да Винчи, Доменико.
Познатиот уметник имал најмалку 22 полу-браќа и сестри, но немал деца.