Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница по повод синоќешниот напад на нуклеарната централа во Украина од страна на руските сили.
Предвидено е говор да има и претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Вонредната седница е на барање на британскиот премиер Борис Џонсон и шефицата на дипломатијата Лиз Трас.