Српскиот министер за внатрешни работи е на респиратор по влошување на состојбата
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска итно е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија, поради тешка пневмонија.
Според информациите објавени од Телеграф.рс, тој има билатерална пневмонија. Неговата здравствена состојба денеска нагло се влошила.
Во моментов Дачиќ дише со помош на респиратор.
Тој со години има здравствени проблеми, меѓу кои и дијабетес, како и други придружни заболувања.
