Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, оствари средба со германскиот политичар и актуелен пратеник во Бундестагот г. Армин Лашет.

На средбата која беше во функција на унапредување на македонско-германските односи, беа размените информации во врска со состојбите со македонските евроинтегративни процеси, а се разговараше и за случувањата во регионот, Европа и светот.

Во тој контекст, се разменија размислувања и ставови за овие прашања и се споделија можните решенија на краток, среден и долг рок.

Воедно беше истакната важноста на културната дипломатија, односно можноста луѓето од различни средини да се запознаваат меѓусебно со цел да разменуваат сознанија, искуства и позитивни примери од своето минатото кои може да бидат од корист за заедничката иднина.

Г. Лашет кој беше кандидат за германски канцелар на парламентарни избори во 2021 и поранешен премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, престојуваше во Македонија на покана на претседателот Иванов по повод учеството на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023.