Со оглед дека Европската Унија продолжува со својата недоследност и стратегија на подвижни цели, листата на неостварени очекувања постојано се зголемува. Меѓутоа, доколку навистина се стави на маса проект којшто ќе оозможи интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар, тоа треба да се прифати без никаква задршка. Влезот во единствениот пазар целосно го исцтрува проектот на интеграција во ЕУ. Ова беше дел од мислењата на говорниците на панелот „Односите на Западен Балкан и ЕУ во променлив политички, безбедносен и економски пејзаж“, во рамки на Меѓународната конференција на Паневропската унија што се одржува во Скопје.