Обвинителството конечно назначило обвинител задолжен да постапува по случаите што ги отвори Антикорупциската комисија, открива во интервју за Канал 5, претседателката Билјана Ивановска.
Според неа, ова е светла точка во борбата со корупцијата, која ја оценува како незадоволителна. Ивановска вели дека ги немаат информациите кои ги има државниот врв за „црната листа“ на САД.
Корупција има, но таа треба да се докаже, вели Ивановска во интервјуто и додава дека корупцијата е сигнал за лошо управување со државните ресурси.
Ивановска смета дека изборот на Ислам Абази за почеток не влева доверба. Таа потенцира дека не е задоволна од тоа како државата се справува со корупцијата.