– Од СДСМ дојдоа на власт со големи лаги, има една oгромна лага која не се појави во медиумите, а тоа е ветувањето дека како држава ќе инвестираме 300-тини милиони евра преку државна градежна компанија, тоа значи гигант на светско ниво со преку 2000 механизација и останатаи околу 100-тина милиони евра за доопремување за бетонски бази и за страшен тим на инжењери, тоа ќе значеше да учествуваме на тендери за правење на аеродроми, хелиодроми, брани и слично низ цел свет, рече Иваановски.
Тој вели дека веројатно од власта сфатиле дека повеќе им одговара соработката со некои компании и ова ветување за 300 милиони евра инвестиција во Државна градежна компанија остана лажно ветување.
– Кога сме кај лажните ветувања не смееме да не ги споменеме ветувањата за изградба на 550 километри автопатишта, на 1000 километри локални патишта, на над 500 километри магистрални патишта итн., вели Ивановски.
Тој посочи дека во наредните 250 години во Македонија нема потреба од 500-тини километри автопати, а да се ветуваат во четири годишен мандат е само лага.
Ивановски потенцира дека автопатот Кичево – Охрид започна да се гради во 2014 година, кога дојдоа СДСМ на власт прогресот на изградба беше над 47% , а власта за овие години не успеа ни 10% повеќе да доизгради па сега е 57% изграден тој автопат.
– Првичниот рок за изградба на тој автопат беше 2018 година, власта си даде нов рок кој истече сега пред петнаесетина дена , па сега има нов рок до 2024 година, некој треба да врши надзор врз ова, а надзорот чини 508 милиони денари, а ако се завршеше навреме автопатот Кичево-Охрид немаше потреба да се плаќа над 8 милиони евра за надзор кои пари можеа да се искористат за други капитални проекти, критикуваше Ивановски.
Тој вели дека неработењето на оваа власт чини пари, од над 400 милиони евра дојдовме до над 500 милиони евра со анексирањето.
Ивановски исто така го потенцираше проблемот кој се појавува во најголем дел од општините каде градоначалниците на СДСМ секое зеленило го направија зграда, како што е случајот и во општината Кисела вода.