Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ вели дека успеале да постигнат 27 држави да го повлечат признавањето на Косово.
Вели дека сите овие години водат координирана државна акција по ова прашање. Верува дека ќе успеат, а додава и дека некои светски лидери биле изненадени од нивниот резултат. Дачиќ објасни дека има земји кои имаат проблеми со територијалниот интегритет и кога ќе им се укаже дека поддржале сепаратизам, се премислуваат. Како пример ја наведе Сомалија, која пред три децении имала проблеми со сепаратизам. Според српскиот министер, многу земји го признаа Косово поради лобирањата на Приштина, но и поради притисокот на Западот. Како трет фактор, Дачиќ вели дека и тие самите не свртеле доволно внимание, а од тоа имале штета.