Триесет и седумгодишниот Ивица Јовановиќ го фати осветениот крст на годинешното празнување на Богојавеление – Водици во Соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.
Литургијата, чин на водосвет и спуштање на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф. По крстот скокаа и врсните на Ивица, Александар Ќировски и Александар Пауновски.
-Нека дава Господ на сите здравје, среќа, напредија да има. Прв пат скокам по крстот, прв пат го фаќам крстот, изјави Ивица Јовановиќ.
Тројцата учесници во традиционалното одбележување се од населбата Колтук. Од црковниот одбор Ивица Јовановиќ беше даруван со пригодни подароци.