Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 година (недела), од 07:30 до 12:30 часот и од 15:30 до 20:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

– бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“.
– ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“.
– ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11-ти Октомври“.
– кеј „13–ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“.
– ул. „Мирче Ацев“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“.
– ул. „Димитрија Чуповски“ на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски” и
– ул. „Даме Груев“ од крстосница со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи – Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.