Движењето Европа сега (ПЕС) освои најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во Црна Гора, а кои беа одбележани со исклучително слаба излезност.
Таа партија најверојатно ќе биде во позиција да биде носител на формирање влада, за што ќе треба да коалицира.
ПЕС освои 26 отсто од гласовите, според прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), врз основа на 100 отсто од обработениот примерок.
Партијата на Милојко Спајиќ, формирана пред неполна година, за која ова беше прво учество во борбата за пратенички места, според таа проекција во новото Собранието ќе има 24 пратеници, додека според оценката на ЦеМИ, може да смета на 23 мандати. Сепак, станува збор за коалициска листа, на која неколку пратенички места припаѓаат на ЦИВИС, Обединета Црна Гора, Новска листа, Алтернатива…
Спајиќ синоќа најави дека ќе разговараат со сите со кои, како што објасни, делат заеднички вредности.
На прашањето со кого ќе формираат влада, Спајиќ рече дека јасно се изјаснил со кого нема да коалицира – со Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Граѓанското движење УРА, додека не одговори на прашањето за можна коалиција со листата „За иднината на Црна Гора“.
Според податоците на ЦДТ, коалицијата Зајдено, собрана околу ДПС, освоила најголем број мандати, по коалицијата ПЕС. Како што најавија од ЦДТ, тие ќе имаат 21 мандат. Тие освоија 23 отсто од гласовите.