Во Грција денеска се одржуваат парламентарни избори, втори по ред во последните пет недели, а анкетите и даваат предност на партијата на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис.
Во цела Грција во 7:00 часот беа отворени 21.634 избирачки места на кои граѓаните ќе можат да гласаат до 19:00 часот. Првите прелиминарни резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места. Право на глас имаат околу 9,8 милиони Грци.
Грчките конзервативци водат на повторените избори, покажуваат излезните анкети на шест агенции за испитување на јавното мислење. Според нивните проценки, Нова демократија на поранешниот премиер Киријакос Мицотакис ќе победи на изборите со поддршка од 40 до 44 отсто од гласачите, пренесува Ројтерс. Се проценува дека Сириза на Алексис Ципрас ќе добие меѓу 16,1 и 19,1 отсто од гласовите, додека ПАСОК ќе добие меѓу 10 и 13 отсто од поддршката на грчките граѓани.