Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу се очекува претпладнево да му го додели формалниот мандат за формирање влада на досегашниот премиер на Кирјакос Мицотакис, по убедливата победа на неговата партија Нова демократија на вчерашните избори, јавува Катимерини.
Нова демократија на Мицотакис е апсолутен победник на изборите во Грција. Освои широко мнозинство во парламентот.
Со 158 пратенички места Мицотакис може да формира еднопартиска Влада.
Нова демократија освои 40,52-ва отсто од гласовите, или близу 23 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА на Ципрас.
На трето место е ПАСОК со 32-ве пратенички места, а Комунистичка партија има 20 пратеници.
Во Парламентот, со 13 пратеници влегува и досега непознатата десничарска партија Спартанци.
„Грчко решение“ има еден пратеник помалку, а Победа добива десет пратеници.
Во своето прво обраќање по затворањерто на избирачките кутии, Мицотакис порача дека Грција отвора ново историско поглавје.