Шведскиот премиер Улф Кристерсон побара да биде разрешен од функцијата откако пребројувањето на последните гласови пристигнати по пошта ги потврди прелиминарните изборни резултати. Според нив, четирите партии што ги поддржуваат социјалдемократите и поранешната премиерка Магдалена Андерсон освоиле 176 од вкупно 349 пратенички места, јави ДПА.

Кристерсон на платформата Икс го објави писмото за оставка што го доставил до претседателот на парламентот. Во него наведува дека изборниот резултат го усложнил формирањето нова влада. Според него, различните изјави што партиите ги давале пред изборите би можеле да го попречат составувањето која било можна влада и коалиција.

Сега е потребна „конструктивна отвореност од партиите“, напиша Кристерсон. „Мора да се водат разговори со сите партии за да се најдат решенија и да се создадат услови за стабилна и способна влада“, пренесува германската агенција.

Премиерот во заминување посочи дека претседателот на парламентот треба да ги иницира следните чекори за формирање влада. За да започне „овој процес веднаш барам мое разрешување од функцијата премиер“, напиша тој.

На изборите одржани во неделата, социјалдемократите освоија