Домашни набљудувачи ја следат демократската процедура
Осмите Локални избори во Македонија ќе бидат под континуирано набљудување од страна на домашни и странски набљудувачи, со цел да се гарантира транспарентен и фер изборен процес. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека акредитирала вкупно 807 домашни набљудувачи и 644 странски, додека 12 странски новинари ќе го следат текот на гласањето.
Најмногу домашни набљудувачи доаѓаат од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје, со 549 набљудувачи, а останатите организации, меѓу кои МКЦ-Битола, ЛАГ „Агро Лидер“ – Кривогаштани, Здружение ЦИВИЛ Центар за слобода и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, ќе бидат присутни со различен број набљудувачи.
Меѓународни набљудувачи и дипломатски миси
На меѓународно ниво, најмногу набљудувачи се акредитирани од страна на ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права (524 набљудувачи). Следуваат Амбасадата на САД во Скопје со 30, Европскиот парламент со 12 и Британската амбасада со 11. Други дипломатски претставници и меѓународни организации исто така имаат свои набљудувачи, вклучувајќи ДИК на Хрватска, амбасадите на Унгарија, Франција, Холандија, Турција, Албанија, Косово и други, со по еден до неколку набљудувачи секоја.
Вкупниот број на набљудувачи на овие избори изнесува 1.451, што ја прави оваа изборна кампања една од најнабљудуваните во историјата на Македонија.