Последен ден од кампањата за локалните избори
Денеска завршува изборната кампања за претстојните локални избори што ќе се одржат в недела, 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати уште денеска имаат можност да им ги претстават своите изборни програми на граѓаните.
Молкот трае до затворањето на избирачките места
Со полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на гласањето во недела вечер. Во овој период строго е забрането било какво медиумско известување, промоција или повикување на гласање во корист на одреден кандидат или партија.
Кампањата за вториот круг почнува во понеделник
Од понеделник, 20 октомври, ќе започне изборната кампања за вториот круг од локалните избори, но само во општините каде што во првиот круг нема да биде избран градоначалник.