„Огнената група“ продолжи со средбите со граѓани и членови на ДУИ. Од Ченто, Изет Меџити му порача на првиот човек на партијата Али Ахмети, Артан Груби што поскоро да си замине и од ДУИ и од Владата. Меџити го нарече Груби експерт за губење на избори, како што се случи во 2016 година. според Меџити, Алијанса влегува во Владата за да стане патерица за спас на Груби.
„Артан Груби мора да си оди што е можно поскоро затоа што нема легитимитет од граѓаните, гласачите и структурата. Во овие две години толку малку работи што би било подобро да нема министри Албанци. Нашиот претседател рече – нема да го сменам, но сега кога ја има Алијанса, во нашата ревизија, министерот за екологија излезе малку подобар, сега ќе го смениме, не е проблем кога ќе го побара Алијанса и сега ќе ја претставиме како Алијанса за Европа, дека ќе ја земеме Алијанса во Владата. Излегува Алтернатива, влегува Алијанса, излегува некој друг. Ова не е Алијанса за Албанците, ова е алијанса за спас на Артан Груби и ништо друго“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.
Муса Џафери изјави дека нема да престане со користење на логото на партијата на собири.
„Тука пред мене е логото на ДУИ бидејќи имаме обвинувања од медиумите дека го злоупотребуваме логото на партијата. Почнувајќи од мене и другите зад мене, ние сме од времето кога е основана оваа партија, ова ДУИ. Се потевме, имаме многу емоции, придонесовме и ова е свето за нас, затоа го користиме со голема гордост и задоволство“, изјави Муса Џафери, ДУИ.
Средбите со партиските активисти ги продолжи и групата Ахметисти. Потпретседателот Арбер Адеми и министерот Крешник Бектеши синоќа остварија средби во Куманово.