Денеска во 14 часот во Собранието беше избрана новата техничка Влада. Со 65 гласа „ЗА“ и 3 „против“ се изгласа владата чиј мандатар е Талат Џафери. Пратениците од опозицијата, очекувано и како што беше најавено не гласаа за изборот на нов мандатар и Влада.

„Pse jo“ стана реалност

Парламентот ја почна седницата која ја води собранискиот спикер Јован Митрески. Вчера мандатарот Талат Џафери го достави предлогот по кој треба да работи новиот владин состав во следните 100 дена. Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.

„Не е битно дали се работи за техничка влада со рок од еден или 100 дена работа, ќе работам професионално и нема дозволам какви било манипулации во однос на демократскиот процес. Јас и Владата што ќе ја предводам ќе работиме на спроведување на успешните досегашни политики, како и согласно стратешките определби за интеграција на земјата во ЕУ до 2030 година“, рече Џафери.

Тој додаде дека не помалку ќе се залага и за спроведување на економските, здравствени, образовани и социјални потреби на граѓаните и за економски раст. Вети отворен дијалог со политичките партии, со институциите и граѓаните и транспарентност во работењето.

Ротација на дезертери: Еден дезертер замина, а друг ќе седне на премиерската фотелја, рече Антонио Милошоски

Антонио Милошовски од собраниската говорница рече „еден дезертер си даде оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја“. По говорот, пратеничката група ја напушти седницата.

Со име и презиме: Кои се луѓето кои ќе ја сочинуваат техничката влада?

Во рамки на расправата за избор на техничка влада за збор се пријавени осуммина пратеници.