Изгласани измените за „Сејф сити“

Пратениците во Собранието ги изгласаа законските измени со кои се овозможува целосна имплементација на системот „Безбеден град“. Усвоени се измените на Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот, додека измените на Законот за прекршоци сè уште се во второ читање.

Усогласување на законската рамка со системот „Safe city“

Покрај веќе изгласаните закони, предложени се и измени во Кривичниот законик, со цел целосно усогласување со пакетот прописи поврзани со функционирањето на системот „Safe city“. Со законските измени детално се уредува постапката – од евидентирање на сообраќајниот прекршок, па сè до изрекување на најстрогите санкции, како и други дополнителни прашања поврзани со спроведувањето на мерките.

ОД ДЕНЕСКА ШАЛТЕР ЗА „СЕЈФ СИТИ“ ВО МТВ: Граѓаните ќе може да се ажурираат податоци за возилата

Три забрани – трајно одземање на возачката дозвола

Според новите решенија, возачите кои трипати ќе добијат забрана за управување со возило ќе останат без возачка дозвола. Дополнително, предвидени се и глоби за возачи кои немаат ажуриран телефонски број и имејл во станиците за технички преглед. Системот „Безбеден град“ треба целосно да профункционира од 1 февруари.